Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард, може да стане играч на Ал-Етифак. Фудбалерот моментално е слободен играч и нема да биде проблем да потпише со ниту еден клуб доколку двете страни се договорат.
Сепак, 30-годишниот играч од средниот ред допрва треба да ги докажува своите квалитети. Според изворот, Лингард ќе тренира следниот месец под надзор на стручниот штаб на Ал-Етифак, предводен од главниот тренер на тимот Стивен Џерард, а зборот на легендата на Ливерпул ќе биде пресуден по ова прашање.
Летото, Лингард тренираше со Вест Хем, за кого играше од јануари до мај 2021 година. Минатата сезона ја мина во Нотингем Форест, каде постигна два гола и забележа две асистенции на 20 натпревари. Во минатото, играчот од средниот ред играше и за Дерби Каунти, Брајтон и шампионот во Премиер – лигата за 2016/17 година, Лестер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













