Стивен Џерард нема да се врати како менаџер на Глазгов Ренџерс, јавуваат британските медиуми.
Поранешниот англиски репрезентативец беше главен фаворит да го замени отпуштениот Расел Мартин. По разговорите со раководството на клубот, Џерард одлучил дека моментот не е вистински за враќање на „Ајброкс“.
Извори тврдат дека разговорите биле конструктивни и пријателски. Двете страни се договориле да „ја остават вратата отворена“ за иднината.
Мартин беше отпуштен минатиот викенд, по само четири месеци на клупата. Под негово водство, Ренџерс забележа само една победа во првите седум кола од шкотската Премиер лига. Во тимот настапува и македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.
Џерард ја предводеше екипата до титулата во сезоната 2020/21, единствената освоена по финансискиот колапс на клубот во 2012 година. Во јануари ја напушти клупата на саудискиот Ал-Етифак, но останува омилен кај навивачите на Ренџерс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Интернационалци
Бојан Миовски двоен стрелец за Ренџерс (ВИДЕО)













