
Италијанскиот калчолигаш Џенова се обидува да го убеди Горан Пандев да игра уште една сезона. Тој најави дека по Европското првенство ќе стави крај на фантастичната кариера, но тренерот Давиде Балардини и раководството на Џенова се обидуваат да го премислат.
Џенова има во тимот тројца ветерани, Федерико Маркети (38), Горан Пандев (37) и Валон Бехрами (36) и Балардини би сакал да ги има во тимот и следната сезона.
„Нивното искуство е непроценливо. Да ги имате во тимот е благодет и разговараме за да продолжат да играат и следната сезона“, вели тренерот на Џенова.
Покрај овие тројца, Џенова сигурно ќе го загуби и Давиде Запакоста (34) кој игра на позајмица.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal