Connect with us

Џенова го назначи Де Роси за нов тренер

Даниеле Де Роси официјално е новиот тренер на Џенова. Неговиот договор е до летото 2026 година, а автоматски ќе се продолжи за уште една година ако тимот се спаси од испаѓање и остане во елитата. Според италијанските медиуми, легендата на Рома ќе добие 800.000 евра до крајот на сезоната.

42-годишниот Де Роси го заменува Патрик Виера, кој беше отпуштен по поразот од Кремонезе. Тогаш Џенова беше на последното место на табелата, но во последното коло тимот го постигна првиот триумф од почетокот на сезоната, победувајќи го Сасуоло со 2:1. На овој начин, Џенова се одлепи од дното.

За Де Роси ова ќе биде само трет тим во неговата тренерска кариера, по СПАЛ и Рома, од каде беше отпуштен минатиот септември.

Попладнево, тој за првпат ќе води тренинг на „грифоните“. Утре ќе ја има и првата прес-конференција во новата улога.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови