Италијанскиот првак Интер оствари важна победа (1-2) на гости против Сасуоло. Иако домашниот тим имаше водство по првото полувреме со голот од пенал на Доменико Берарди во 22.минута, сепак, Един Џеко и Лаутаро Мартинез се погрижија за пресврт во вториот дел.
Един Џеко влезе во игра во 57.минута и само една минута подоцна ја затресе мрежата на Сасуоло. Тоа внесе дополнителен импулс во играта на „нероаѕурите“, па Лаутаро Мартинез донесе триумф реализирајќи пенал во 78.минута.
Интер се искачи на втората позиција на табелата со 17 освоени бода, но и еден одигран меч повеќе од лидерот Наполи (18).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













