Белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку е пред трансфер во Челси, европскиот првак е подготвен да плати 130 милиони евра за да го врати робусниот голгетер на „Стемфорд бриџ“, а Интер ја бара неговата замена. Најавите се дека Дуван Запата од Аталанта ќе дојде на „Џузепе Меаца“ за 50 милиони евра, но, сепак, постои опција и Един Џеко да се пресели во Интер.
Тој влегува во последната година од договорот на „Олимпико“, а Рома го доведе Елдур Шомуродов. Жозе Мурињо очекува уште еден квалитетен напаѓач до крајот на преодниот рок, а тогаш веројатно Џеко ќе добие дозвола да замине.
Рома е во преговори со Андреа Белоти, а во опција се уште е и Мауро Икарди, кој сигурно нема да има голема минутажа во ПСЖ по најавеното доаѓање и на Лионел Меси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













