Connect with us

Џејмс Милнер влезе во историјата на фудбалот со уникатно достигнување

Џејмс Милнер влезе во историјата на фудбалот со уникатно достигнување. 37-годишниот играч од средниот ред стана првиот Англичанец кој играл за пет различни клубови од Островот во европските натпреварувања.


Синоќа Милнер стартуваше за Брајтон во поразот на домашен терен од 2-3 од АЕК во Лига Европа. Тој претходно го носеше дресот и на Њукасл, Астон Вила, Манчестер Сити и на Ливерпул.

Вкупно, играчот од средниот ред одигра 117 натпревари во европските натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови