Интер и Арсенал подготвуваат голема размена. Гранит Џака, поранешниот капитен на Арсенал, кој ја загуби лентата поради своето импулсивно однесување вчера направи нова глупост и го остави тимот на цедило откако доби црвен картон, па многу веројатно е дека ќе го напушти Лондон во зимскиот преоден рок. „Топчиите“ добија понуда од Интер за него, а како реципроцитет го нудат Кристијан Ериксен.
Данецот не се снајде најдобро во Милано, не може да се докаже кај Антонио Конте и тој му порача да замине во друга средина ако сака да има голема минутажа. За двата клуба ова по се изгледа е „вин вин“ ситуација, затоа што на Арсенал очајно му е потребен креатор на играта кој ќе ја раздвижи играта.
Џака има договор со Арсенал до 2023 година, Ериксен исто така е „врзан“ со Интер, но оваа размена може да се случи многу лесно, доколку на тоа се согласат и самите фудбалери.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













