Connect with us

Дешамп останува селектор на Франција

Актуелниот селектор Дидие Дешамп ќе ја предводи Франција и во одбраната на светската титула во Катар. Тој имаше разговор со првиот човек на францускиот фудбал, Ноел Ле Грает, и решено е да продолжи со работа и покрај неуспехот на Европското првенство. Французите неочекувано рано беа елиминираниод Швајцарија, по изведување пенали во оминафиналето.

„Дешамп ќе остане на селекторската позиција до Светското првенство во Катар. Се решивме за три минути. Тој покажа огромна волја да остане на позицијата, а ние не сакаме да го менуваме селекторот“, изјави Ле Грает.

Како евентуален наследник на Дешамп се споменуваше името на Зинедин Зидан, но ќе мора да почека до завршување на мундијалот во Катар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови