Connect with us

Дешамп: Кога Мбапе е на теренот, нема за што да се грижам

Францускиот селектор Дидие Дешамп го пофали Килијан Мбапе за неговата одлична игра во победата од 1-2 на гости против Холандија во европскиот квалификациски натпревар со кој „петлите“ се пласираа на финалниот турнир во Германија. Напаѓачот на Пари Сен Жермен, кој е и капитен на репрезентацијата, ги постигна двата гола во Амстердам.


„Со Килијан на теренот, нема за што да се грижите“, изјави Дешамп за „Телефут“.


„Кога е во таква форма, репрезентацијата има значително поголеми шанси да ги добие своите натпревари. Многу сме среќни за него, особено во светло на она низ што помина во последните денови“, истакна Дешамп.


Мбапе не беше толку убедлив во последните натпревари на ПСЖ и беше цел на критики.
„Килијан покажа сила и секогаш беше подготвен да прими додавање“ – додаде селекторот на Франција.


„Ривалите стравуваа од него. Тој им помагаше и на соиграчите. Мбапе го привлекува вниманието кон себе, но и се труди да биде дел од тимот. Знам дека некои би сакале тој да зборува малку повеќе, но јас претпочитам повеќе да зборува со нозете“, истакна Дешамп.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови