
Во вториот четвртфинален натпревар на Европското првенство во Германија вечерва ќе се сретнат Португалија и Франција.
Натпреварот е закажан за 21 часот во Хамбург, а сега се познати и составите на тимовите.
Роберто Мартинез не направи никакви промени во однос на натпреварот од осминафиналето против Словенија, па така Кристијано Роналдо како капитен ќе ја поведе својата екипа во дуел со еден од најголемите фаворити за освојување на трофејот.
Од друга страна, Дидие Дешамп направи две промени.
На местото на суспендираниот Адриен Рабио (жолти картони), натпреварот ќе го започне Едуардо Камавинга, додека за позицијата на стартен напаѓач со својот гол против Белгија се избори Рандал Коло Муани, кој влегува на местото на Маркус Тирам.
ПОРТУГАЛИЈА: Кошта – Мендеш, Пепе, Дијаш, Кансело – Палиња, Фернандеш, Витиња – Силва, Леао, Роналдо.
ФРАНЦИЈА: Мењан – Хернандез, Упамекано, Салиба, Кунде – Чуамени, Канте, Камавинга – Мбапе, Гризман, Коло Муани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
