Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа пораз (0-1) од Бугарија на арената „Тодор Проески“ во последниот меч од Лигата на нации. Кирил Десподов беше стрелец на победоносниот гол во 50.минута од натпреварот.
На крајот нашиот национален тим завршува на третото место во групата од Лига Ц.
Македонија речиси цел натпревар играше со фудбалер помалку. Во 14. минута црвен картон доби Тодор Тодороски. Тој грубо стартуваше над противнички фудбалер и беше исклучен.
Откако останавме со играч помалку, селекторот Благоја Милевски реагираше и го повлече од игра Александар Трајковски. Го внесе на теренот Стефан Ашковски, кој требаше да ја пополни празнината што се појави по исклучувањето на Тодороски.
Милан Ристовски во 25.минута го испрати единствениот сериозен удар од 20 метри, но бугарскиот голман Даниел Наумов успеа да одбрани.
Бугарија дојде во водство во 50.минута. Беше тоа брз противнапад, а на крајот одлична завршница имаше Кирил Десподов, кој ја прими топката на гради и го совлада Столе Димитриевски.
Во 62.минута, Македонија имаше одлична шанса за израмнување. Езгјан Алиоски зафати волеј – удар, но Антов спаси на самата гол – линија.
Во 81.минута уште еднаш се закани Алиоски, но не беше прецизен.
Публиката ги пречека Бугарите со свирежи на нивната химна и со широк репертоар на скандирање и навредливи извици.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski