Десетици полски хулигани се протерани од Хрватска по жестоката тепачка на навивачките групи на Динамо Загреб и Легија Варшава. Најмалку едно лице е тешко повредено, а според медиумите, станува збор за полски државјанин кој бил примен во клиничката болница во Загреб со скршени ребра и бутна коска. Се степале околу 200 навивачи, со палки, големи стапови, фрлале пепелници, чаши и камења. Летале и факели.
Полицијата се уште собира податоци за сите повредени во жестоките судири на навивачите, но и за можните прекршочни и кривични постапки што ќе ги покренат.
Според првите информации, направена е штета на пет угостителски објекти и оштетени се три автомобили. Кшто пренесуваат медиумите, десетици полски навивачи биле приведени од загрепската полиција на местото на настанот. Навивачите биле групирани на паркинг пред еден од трговските центри, а потоа и однесени на граничниот премин Брегана од каде што ја напуштиле Хрватска.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













