Актуелниот шампион Струга Трим Лум го пречека актуелниот лидер Шкупи во дербито на 20.коло во Првата фудбалска лига. Двете екипи прикажаа допадлив фудбал, а на крајот поделија по еден бод, постигнувајќи по два гола (2-2).
Уште на почетокот имаше многу возбудувања. Гостинскиот голман Иљази во првата минута го собори Бесарт Ибраими во шеснаесетникот и судијата Пилешков покажа на белата точка. Но, Иљази со одлична интервенција ја исправи својата грешка, бранејќи го ударот на Ибраими од 11 метри.

По ова, се заканија и Шабани и Камбери со удари од далечина, но без посериозен ефект. Шкупи исто така возврати преку Воша, но немаше голови по првиот дел.
Во второто полувреме дојдоа головите. Ибраими асистираше до Буњамин Шабани за водство во 54.минута, а израмни Емануел Гронер во 66.минута.
Марјан Радески во 68.минута повторно донесе предност за Струга ТЛ, но Абдул Руатубјаје повторно израмни шест минути подоцна. Ова реми нуди поголема шанса за Шкендија комплетно да се врати во трката за титулата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













