
Битола е на нозе, така е секогаш кога доаѓа Вардар, без разлика на моменталната форма на екипите и нивната позиција на табелата. Во минатото овие дуели решаваа и за титула, а сега на двата тима бодовите им се многу важни во обидот што е можно побрзо да го обезбедат опстанокот.
Трибините на стадионот „Петар Милошевски“ се очекува да бидат исполнети до последно место, затоа што дербито секако привлекува внимание, но и затоа што овој меч има хуманитарен аспект. Целиот приход од билетите ќе оди во хуманитарни цели, како помош за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.
Срѓан Захариевски, тренерот на Пелистер, сега ќе биде од спротивната страна, ако се знае дека во текот на ова првенство беше и на клупата на Вардар. Сега Гоце Седлоски е на кормилото на „црвено-црните“, а има многу посилен тим од оној што го имаше на располагање Захариевски во првиот дел од сезоната.
Искусниот стопер на Пелистер, Александар Ристевски, најави дека домаќинот ги посакува трите бода, но сигурно дека и вардарци имаат мисија да ја освојат Битола, а секако дека имаат капацитет и квалитет за тоа.
Пелистер во моментот е на седмата позиција на табелата со 29 бода, седум повеќе од осмопласираниот тим на Вардар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Проблеми за Милан, се повреди Рафаел Леао
