Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, потврди дека ќе може да смета на Мемфис Депај за претстојниот натпревар од Ла Лига против екипата на Мајорка.
Ова е одлична вест за Симеоне, кој ќе има потреба од своите најдобри играчи во наредните недели, кои ќе бидат доста зафатени со домашните натпревари и натпреварите од Лигата на шампионите.
Депај е надвор од терените од крајот на септември кога заработи повреда на мускулот. Поради неа, холандскиот интернационалец пропушти дури десет натпревари на Атлетико Мадрид во сите натпреварувања.
„Среќен сум што повторно ќе биде со нас. Се надевам дека ќе може да настапи. Тој е многу важен за тимот“, прокоментира Диего Симеоне.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













