Младинскиот репрезентативец на Македонија, Давид Денковски не го криеше задоволството од одличната игра на тимот и триумфот против Осогово во Кочани во претходното коло, кој го отвори патот кон можноста Брегалница на најголемиот верски празник да го означи враќањето во елитата следната сезона.
На „сините“ утре на натпреварот против Кожуф во Штип, на две кола пред крајот на првенството, им е доволен само бод да ја потврдат првата позиција во Втората лига – Исток и пласманот во прволигашкото друштво. Но, Денковски нагласува дека Брегалница посакува со победа да го прослави враќањето во Првата лига.
„Среќен сум за победата против Осогово на гостински терен. Одигравме навистина квалитетен натпревар, потврдувајќи ја доминацијата која ја демонстрираме сезонава. Таа победа сега не води кон можноста на утрешниот натпревар да го прославиме враќањето во Првата лига. Кожуф е навистина незгоден противник, и не смее да има никакво опуштање. Знаеме дека ни е неопходен само бод за остварување на целите, но ние со триумф и три бода сакаме да го потврдиме влезот во прволигашкото друштво“, вели Денковски за официјалниот сајт на клубот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski