
Шкупи се врати во победнички ритам и сака да го задржи чекорот со лидерот Шкендија, па затоа ќе атакува на победа и на денешното градско дерби против Вардар. Ова е пораката од најдобриот стрелец Дембо Дарбо кој е максимално мотивиран да продолжи и со своите добри изданија.
„Знам дека мечот со Вардар е важно градско дерби. Нема опуштање, Вардар има силен тим, ги респектираме максимално, исто како и сите други ривали. Мораме да дадеме се од себе ако сакаме да стигнеме до победата. Во добра форма сме и ќе одиме на три бода против Вардар“, изјави Дембо Дарбо.
Вардарци по ремито со Работнички ги очекува нов тежок натпревар против Шкупи кој ќе се игра на комплексот на ФФМ.
Лидерот Шкендија го пречекува последнопласираниот тим на Беласица во Тетово. Составот на Ернест Ѓока е апсолутен фаворит, но ќе треба тоа да го потврди и на теренот. Домашниот тим ќе биде без Бруно Дита, но во тимот се враќа Валон Ахмеди кој се опорави од повредата.
Македонија Ѓорче Петров ќе биде домаќин на Пелистер и се надева на нов триумф за задржување на чекорот со Шкендија. Избраниците на Жикица Тасевски имаат одличен моментум што не може да се каже за гостите од Битола.
Работнички по триумфот над Пелистер и ремито со Пелистер ќе се обиде да продолжи со позитивен тренд и на дуелот со Ренова. Но, и „гипсарите“ се во одличен ритам откако на кормилото застана Ќатип Османи.
Академија Пандев на домашен терен го пречекува Борец, кој доаѓа без шефот на стручниот штаб Горазд Михајлов. Тој е во изолација поради коронавирусот и составот ќе го водат неговите асистенти.
Силекс во Кратово ќе се обиде да стигне до поволен резултат против Струга Трим Лум. Сите натпревари се закажани за 13 часот.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам – Џуд Белингем ќе го освојува светскиот фудбал
Борусија Дортмунд би можела да ја искористи слабата фаза на Баерн Минхен и да...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Милан со пресврт го победи Калјари (ВИДЕО)

Прва лига
ФК Вардар: Доста беше!

Прва лига
ФК Вардар: Доста беше!

Евро-фудбал
Арда Ѓулер повторно се повреди

Втора лига
Суспендиран теренот на Башкими

Евро-фудбал
Руди Гарсија доби ултиматум од Наполи

Евро-фудбал
Милан со пресврт го победи Калјари (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Мајорка ја сопре Барселона (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Севилја ја декласира Алмерија (ВИДЕО)
