
Францускиот интернационалец Осман Дембеле е блиску до потпишување нов договор со Барселона. Тој се премисли и би сакал да остане на „Камп Ноу“, а неговиот актуелен договор истекува за една седмица.
На крајот од минатата сезона Дембеле покажа дека сака да остане на „Камп Ноу“, но досегашното однесување на неговиот агент сепак не даваше многу надежи.
Барселона нема намера да ја менува претходната понуда за Дембеле, но фудбалерот сепак мисли дека е подобро да остане отколку да тргне во нова авантура во ПСЖ или во Челси.
Ако Дембеле потпише нов договор, тоа ќе го ослободи тренерот Чави Хернандез од потребата да бара нов крилен напаѓач и ќе може да се фокусира на ангажманот на Роберт Левандовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal