
Францускиот интернационалец Осман Дембеле повторно и носи големи главоболки на Барселона. Дембеле беше платен вртоглави 140 милиони евра при трансферот од Борусија Дортмунд, но поради недисциплина и чести повреди никогаш не ги оправда вложените пари.
Светскиот шампион со Франција редовно ја понижува и на некој начин ја исмева Барселона, на која практично и се врзани рацете. Пред неколку дена челниците на Барселона му поставија ултиматум на Дембеле да го продолжи договорот со значително намалување на платата, но тој се насмеа на тоа.
Каталонски „Спорт“ пишува дека Дембеле и неговите претставници рамнодушно реагирале на понудата на Матео Алемани и дека воопшто немаат намера да ја прифатат. На Дембеле воопшто не му се брза, доаѓаат понуди од други клубови и останува само да избере нов клуб кој ќе биде најдобар за него.
Барселона, пак, е под постојан притисок да го регистрира Феран Торес, кој е платен 55 милиони евра. За да биде регистриран Торес, Барселона мора да го продаде Дембеле или веднаш да му даде слободни документи. Од друга страна, Французинот може да го дочека летото и да замине како слободен играч.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal