Спортскиот директор на Барселона, Деко, сподели дека тренерот на тимот Чави Хернандез е категоричен во својата одлука да го напушти тимот на крајот од сезоната. Сепак, Португалецот изјави дека клубот е подготвен да преговара со стратегот, доколку тој ги промени ставовите и одлучи да остане.
„Чави постојано ни кажува дека неговата одлука е конечна. Ако нешто се промени, тој мора да ни каже. Ако каже дека сака да остане, тогаш сме подготвени да разговараме со него. Не сакам да си замине по крајот на сезоната. Ако има тренер со повеќе храброст и кој никогаш не се жали, тоа е тој, секогаш беше позитивен. Вистински луксуз е да се работи со него. Во овој момент Барселона нема направено потег за нов тренер. Не сме разговарале со никого, но гледаме кои тренери се слободни и внимаваме“, изјави Деко.
Барселона има сериозна негатива во однос на лидерот Реал Мадрид во трката за титулата во Ла Лига, но обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













