Connect with us

Дејвид Бекам сака да ги спои Лео Меси и Кевин де Бруин во Интер Мајами

Кевин де Бруин, маестрото од средниот ред на Манчестер Сити, веќе некое време е тема број еден на трансфер пазарот. Откако официјално објави дека си заминува од тимот на „граѓаните” на крајот од сезоната, шпекулациите се множат и главното прашање е каде ќе го гледаме следната сезона.

Меѓу сериозно заинтересираните е Интер Мајами, клубот каде Лионел Меси веќе диригира шоуто, а Дејвид Бекам – човекот со визија, сонува за уште еден голем потпис. Замислете само: Меси, Де Бруин, Суарез, Бускетс, Алба… и можеби Ди Марија? Звучи како ол-стар тим од видео-играта „ФИФА”.

Но, не е сè така едноставно. За потписот на Де Бруин ќе се борат и богати клубови од Саудиска Арабија, кои сигурно нема да штедат за да го привлечат Белгиецот со понуди што не се одбиваат.

Се споменуваше и Сан Диего, најновиот МЛС клуб, но оттаму брзо стигна ладен туш – „немаме пари за него”, призна спортскиот директор Тајлер Хипс.

Откако во 2015 се приклучи на Манчестер Сити, Де Бруин одигра 413 натпревари, постигна 106 голови и забележа дури 174 асистенции. Освои буквално сè: 6 титули во Премиер – лигата, 2 ФА Купа, 5 Карабао Купа, 3 Комјунити Шилд и, секако, Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови