
Македонскиот претставник Струга Трим Лум загуби убедливо (1-4) од летонскиот тим Лиепаја во Скопје и доживеа елиминација во воведното квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Дебитантот на меѓународна сцена сепак не можеше да го издржи двомечот против многу подобро подготвениот ривал.

Скопскиот пекол очигледно многу повеќе влијаеше на избраниците на Срѓан Захариевски.
Струга Трим Лум се држеше добро речиси едно полувреме. Одбраната попушти во последните мигови од првиот дел кога Укпа се најде пред Ѓуриќ и успеа да го совлада.

Одморот не донесе ништо добро за стружани, затоа што на самиот почеток од вториот дел Лиепаја постигна уште два гола. Додо во 47. и во 49.минута двапати беше прецизен и го реши победникот на овој меч.
Струга Трим Лум успеа да стрела преку Емир Скендери во 57.минута, кој го искористи одличното пригрување од Галевски за да постигне почесен погодок. Но, Лиепаја не дозволи ништо на случајноста и славеше со 1-4, откако во листата на стрелците се запиша и Криш Карклинш во 62.минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
