Connect with us

Де Зерби поради Михајловиќ одбил да биде тренер на Болоња

Фудбалскиот клуб Болоња донесе одлука да се раздели со Синиша Михајловиќ, а потоа клупата сакале да му ја доверат на Роберто Де Зерби. Но, тој ја одбил понудата од почит кон српскиот стручњак.


„Би сакал да бидам тренер на Болоња, но не можам да ја прифатам понудата поради Синиша“, изјави Де Зерби.

Медиумите во Италија коментираат дека поранешниот тренер на Сасуоло донел човечка одлука. Тој едноставно не можеше да замени тренер кој води битка многу поголема од фудбалските игри, онаа против леукемијата.

Во февруари годинава, по конфликтот во Украина, Де Зерби остана во Киев каде беше тренер на Шахтјор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови