
Тренерот на Брајтон, Роберто Де Зерби, ги коментираше гласините кои го поврзуваат со менаџерската функција во Ливерпул и во Челси. Италијанецот има одлична сезона на кормилото на Брајтон, а неговата работа на клупата на „галебите“ не остана незабележана.
По веста дека Јирген Клоп ќе го напушти Ливерпул на крајот на сезоната, Де Зерби беше едно од првите имиња за кои се зборуваше како негов наследник.
По победата од 5-0 над Шефилд Јунајтед, италијанскиот стручњак ги коментираше гласините, не негирајќи дека во одреден момент од кариерата сака да води „голем тим“.
„Чест ми е што слушам дека големи клубови се заинтересирани за мене. Горд сум на тој факт, но мојот фокус е да работам од ден на ден. Во однос на иднината ќе разговарам со сопствениците на клубот бидејќи сакам да се натпреварувам на најдобар можен начин. Сакам да знам каков е планот и тогаш не би ми било проблем да работам за голем клуб. Во одреден момент сакам да се борам за титулата во Премиер – лигата, Серија А, Бундес-лигата, Ла Лига или Лигата на шампионите, но нема одредено време за тоа“, изјави Де Зерби.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Рома го промовираше Гасперини (ФОТО)

Интернационалци
Томче Гроздановски се враќа во Словачка?

Прва лига
Силекс го доведе Малик Хамзиќ

Евро-фудбал
Габриел останува во Арсенал до 2029 година

Интернационалци
Олимпија Љубљана нуди милион евра за Димитар Митровски

Евро-фудбал
Меси го напушта Интер Мајами
