Италијанскиот стратег Роберто де Зерби е меѓу најсериозните кандидати кои би можеле го наследат Јирген Клоп во Ливерпул следната сезона. Германскиот тренер јавно објави дека ќе го напушти „Енфилд“ ова лето.
Клоп откри дека ќе го напушти Ливерпул на крајот од актуелната сезона и медиумите на Апенините и на Островот го гледаат тренерот на Брајтон, Робрто де Зерби како многу веројатен кандидат за негова замена на клупата на „црвените“.
Другиот сериозен кандидат за оваа улога е поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Чаби Алонсо, кој моментно го предводи лидерот на Бундес-лигата, Баер Леверкузен. Сепак, тој денеска истакна дека е среќен во Баер Леверкузен.
Де Зерби, кој е поранешен тренер на Сасуоло, беше назначен во Брајтон во септември 2022 година и победи на 32 од вкупно 68 натпревари на кормилото на „галебите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













