
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, беше воодушевен од победата над Феенорд во пенал рулетот и пласманот на неговиот тим во осминафиналето на Лига Европа. Ова е прв успех на младиот тренер на меѓународна сцена.
Тој на шега изјави дека неговиот тим уште еднаш победил на познат начин, предизвикувајќи срцев удар на нивните поддржувачи.
„Беше неверојатно, секогаш ќе се сеќавам што се случи вечерва. Тоа беше мојата прва европска вечер во Рим во оваа улога. Среќен сум што заврши на ваков начин. Мислам дека заслуживме да победиме, имајќи предвид сѐ што направивме за време на натпреварот “, изјави Де Роси.
„Победивме на типичен римски начин – предизвикувајќи неколку срцеви удари! Мислам дека малку го оттргнавме фатализмот. Почнуваме да победуваме, имаме добар тим, одличен стадион и среќен сум“, додаде стратегот на Рома.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
