
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, истакна дека напаѓачот Виктор Осимен и следната сезона ќе игра за неговиот тим.
„Ќе го видиме Виктор Осимен како го носи нашиот дрес и следната сезона, тоа е сигурно. Потоа, ако дојде одлична понуда, ќе продолжиме и ќе најдеме друг врвен талент, како што направивме со Кварацкелија и со Осимен“, изјави Де Лаурентис.
Наполи за Осимен бара 180 милиони евра отштета и тоа засега ги колеба европските гиганти да тргнат конкретно по неговиот потпис.
Осимен минатата сезона успеа да постигне 26 гола на 32 натпревари во Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
