
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, е цврсто решен да го види Антонио Конте на чело на својот тим, пишува „Газета дело спорт“.
Како што е познато, минатиот октомври Конте одби да ги преземе „партенопеите“ по нивната разделба со Руди Гарсија. Сепак, по завршувањето на сезоната, Де Лаурентис ќе направи уште еден обид да го ангажира поранешниот шеф на Јувентус, Челси, Интер и Тотенхем.
Привремениот тренер Франческо Калзона сигурно ќе си замине на лето бидејќи сака да ја продолжи својата главна обврска како селектор на репрезентацијата на Словачка.
Според италијанскиот медиум, претседателот на Наполи е подготвен да обезбеди и огромна плата за Конте и трансфер буџет за засилувања на тимот.
Парите за нови засилувања ќе дојдат од потенцијалната продажба на најдобриот стрелец Виктор Осимен, кој е проценет на повеќе од 100 милиони евра. Можна замена за него кај „наполитанците“ би можел да биде Ромелу Лукаку, кој веќе соработуваше со Конте во Интер.
Сега тој е на позајмица во Рома, а на лето Челси ќе бара друг тим за него.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс го доби дербито против Струга ТЛ и се врати во ритам во трка...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Александар Васоски (Силекс)
Силекс загуби од Вардар на арената „Тодор Проески“ во четвртфиналето на Купот, но потоа...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лацио и Удинезе ремизираа на „Олимпико“ (ВИДЕО)

Uncategorized
Работнички со минимален триумф против Тиквеш
