
Фудбалскиот клуб Наполи излезе со соопштение во кое ја демантира информацијата на националната телевизија „Раи“ дека клубот ќе биде продаден од Аурелио де Лаурентис.
Италијанската телевизија „Раи“ објави информација дека Аурелио де Лаурентис ќе го продаде клубот за 650.000.000 евра на фонд од Абу Даби.
Сепак, набрзо потоа следеше официјален демант од Наполи.
„Одеднаш Раи изјавува дека Наполи ќе биде продаден на одреден Фонд за 650.000.000. Во нормална ситуација не би ни негирале на таква лажна вест, меѓутоа, бидејќи тоа е национална телевизија, бевме принудени на таков чекор. Де Лаурентис нема намера да го продаде Наполи, ниту пак тоа воопшто е предмет на дискусија. Оваа управа меѓудругото одби понуди и до милијарда долари. Поврзаноста како причина за продажбата е дека нашиот претседател Де Лаурентис би сакал да живее во Соединетите Американски Држави. Но, тој отсекогаш живеел меѓу Лос Анџелес и Италија, а неодамна се врати од резиденцијата во Калифорнија. Тој не мора да го продаде Наполи за да остане во Америка“, се вели во соопштението на Наполи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal