Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, се налути на грубата игра на Данците против Ламин Јамал во дуелот меѓу двете селекции синоќа, кој заврши со победа на „Ла Роха“ од 1-0. 17-годишниот крилен напаѓач беше заменет во последните минути, а подоцна се забележа како кривејќи го напушташе стадионот во Мурсија.
„Ламин е исклучителен фудбалер и многу совесно ги извршува задачите кои се бараат од него. Многу го удираа. Еден мој соиграч пред години велеше за оние кои се жалат на груба игра: ‘А што очекувате, бакнежи ли?’ Противникот се трудеше да го запре Јамал со свои методи, но тие не секогаш беа во рамките на правилата“, коментира Де ла Фуенте.
„Постои судија кој одредува кои дејствија се според правилата, а кои не. Дефанзивците често се обидуваат да ги заплашат талентираните играчи како Јамал, држејќи постојан контакт со нив. Судиите мора да ги заштитат добрите играчи од прекумерната агресија“, продолжи шпанскиот селектор.
„Ламин ќе мора да се навикне на ваквите методи против него. Можеби понекогаш треба побрзо да се ослободува од топката. Би сакал теренот да биде за него како кревет постелен со рози, но тоа нема да се случи“, додаде Де ла Фуенте.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













