Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, не очекува лесен натпревар против Грузија во осминафиналето на ЕВРО 2024. Тој изјави дека го почитува противникот, особено поради нивната неодамнешна победа против Португалија во групната фаза.
Пред да зборува за натпреварот, тренерот се осврна на младата ѕвезда на „црвената фурија“, Ламин Јамал.
„Тој покажува голем напредок на теренот, но мислам дека само што почнува. Животот е пред него и се надевам дека ќе го гледаме долго, долго време“, изјави Луис де ла Фуенте.
„Во националниот тим се обидуваме да го обучуваме и како личност, не само како фудбалер“, додаде тој.
Шпанците вечерва (21 часот) се среќаваат со Грузија во осминафиналето на ЕВРО 2024.
„Грузискиот фудбал го познавам многу добро и познавам различни нивни генерации. Видов како се развиваат и еволуираат нивните репрезентативци. Тие играат во различни големи првенства во Европа, а селекторот Вили Сањол направи добра работа. Тој исто така има богато искуство во фудбалот“, посочи Де ла Фуенте.
„Сите сме виделе многу изненадувања во фудбалот и не мислам дека тоа ќе престане да се случува. Грузија ја победи Португалија, треба да ги почитуваме како противник, да работиме напорно и да го прифатиме натпреварот со сериозноста која е потребна. Тие се брзи во контранападите и многу добри во стандарните ситуации. Треба да бидеме внимателни за да не бидеме изложени на нивните брзи контри“, додаде Луис де ла Фуенте.
„Најважниот натпревар секогаш е следниот и сега започнува едно различно Европско првенство. Се подготвуваме за многу тежок натпревар и ќе ги покажеме најдобрите оружја што ги имаме за да стигнеме до победа“, заврши тој.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski