Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, го прокоментира поразот на тимот од Вилјареал со 3-5 во 22. коло на Ла Лига. Холандскиот интернационалец застана зад тренерот Чави Хернандез, кој на прес-конференцијата по натпреварот најави дека ќе ја напушти функцијата на крајот од фудбалската сезона.
„Мораме да се подобриме бидејќи тоа едноставно не може да и се случува на Барселона. Кога ќе се вратиш од 0-2, немаш право да дозволиш таков контранапад. Тоа почна да ни се случува премногу често. Во моментов има целосна доверба во тренерот и стручниот штаб, тие одлично си ја вршат работата. Сето тоа е наша вина, виновни се играчите – ако нешто не функционира, тоа е наша вина“, изјави Де Јонг.
Барселона по овој пораз има десет бода негатива во однос на лидерот Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













