Connect with us

Де Хеа повторно е опција за Реал Мадрид

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа, повторно го привлече вниманието на Реал Мадрид. 33-годишниот голман, кој е без тим од минатото лето кога му истече договорот со „црвените ѓаволи“, не е првпат да се поврзува со Реал, а на „Бернабеу“ сега повторно ја разгледуваат можноста за негов потпис за следната сезона, тврди „Релево“.


Де Хеа минатото лето беше поврзуван со Реал Мадрид по повредата на Тибо Куртоа, но тогаш клубот изненадувачки реши да го земе Кепа Аризабалага на позајмица од Челси. Сепак, тој не успеа да импресионира и ќе биде вратен кај лондончани, додека третиот голман Андриј Лунин исто така се очекува да замине во потрага по поголема минутажа. Така, на „кралскиот клуб“ итно ќе му треба нов чувар со оглед на тоа што Тибо Куртоа продолжува да се опоравува од операцијата на менискусот и не е јасно кога ќе може да се врати на теренот.

Шпанецот покажа дека не брза со изборот на нов тим и одби неколку понуди кои не му се доволно привлечни, главно од Саудиска Арабија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови