Connect with us

Де Хеа: Ова ме потсетува на периодот со сер Алекс, Јунајтед треба да освојува титули

Манчестер Јунајтед вечерва може да се искачи на врвот на табелата во Премиер – лигата, да го преземе од Ливерпул, а голманот Давид де Хеа смета дека „ѓаволите“ не смеат да ја испуштат шансата што им се пружа. 

„Ова ме потсетува на периодот кога не водеше Алекс Фергусон. Со него се боревме за титулата. Сега повторно сме во игра за врвот и не треба да ја пропуштиме шансата“, изјави Де Хеа.

Шпанецот освои шампионски трофеј во Манчестер Јунајтед во сезоната 2012/13. Досега има вкупно 424 настапи во дресот на „црвените ѓаволи“, дури 327 од нив во Премиер – лигата. Тој е странецот со најмногу настапи во дресот на Јунајтед.

Вечерва Манчестер Јунајтед му гостува на Барнли во заостанатиот натпревар од премиерлигашката конкуренција. Доколку не загуби ќе биде нов лидер на табелата.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови