Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа, би можел да се откаже од фудбалот доколку не добие соодветна понуда од голем тим, ексклузивно тврди весникот „Гардијан“. 32-годишниот чувар го напушти „Олд Трафорд“ на слободен трансфер летото, откако на крајот не успеа да потпише нов договор со „црвените ѓаволи“ по неколкумесечни преговори.
Поранешниот шпански репрезентативец продолжува активно да ја одржува формата со надеж дека ќе добие понуда од некој од големите европски клубови. Минатата година Де Хеа ја освои „Златната ракавица“во Премиер – лигата за најмногу мечеви со „чиста мрежа“ во англиското првенство.
„Гардијан“ додава дека главната мотивација на голманот е играњето за голем тим и желбата да освојува трофеи, а не финансиската страна на прашањето. Ова е и причината поради која летото одби низа понуди, меѓу кои и оние од Саудиска Арабија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













