
Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, откри дека се надева дека ќе се врати на теренот за англискиот шампион веднаш по Нова година. Белгискиот репрезентативец заработи повреда во првото коло од Премиер – лигата оваа сезона во победата на „граѓаните“ над Барнли од 3-0 и оттогаш е недостапен за менаџерот Пеп Гвардиола.
„Моето опоравување оди добро. Имам уште време додека бидам фит, но ќе бидам добро. Се надевам дека ќе се вратам набргу по Нова година, ако сѐ биде добро“, изјави Де Бруин, кој во живо ја следеше трката за Големата награда на Абу Даби.
Играчот од средниот ред, исто така, призна дека е фан на Формула 1, а особено на шампионот Макс Верстапен.
„Долго ја следам Формула 1, а особено Макс. Секако дека ми е омилен. Каква сезона имаше! Ако можам, седам пред телевизорот да ги гледам трките. Но, секако, овде на патеката е многу повозбудливо бидејќи го доживувам одблиску. Ако ми се укаже шанса, дефинитивно ќе посетам уште едно Гранпри“, додаде тој.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Прва лига
Муарем Муарем е нов тренер на Башкими

Интернационалци
Виктор Треневски ќе биде тренер на црногорски третолигаш

Евро-фудбал
Милан подготвува нов договор за Мајк Мењан

Евро-фудбал
Постекоглу ќе го преземе саудискиот Ал-Ахли?

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија
