Македонскиот прволигаш Шкендија и голманот Давор Талески постигнаа договор за прекин на соработката меѓу двете страни. По две и пол години, 29-годишниот голман го напушта клубот за да бара средина каде ќе има поголема можност за игра. Тоа, според најавите, треба да биде Вардар.
„Шкендија му се заблагодарува на Давор Талески за вложениот труд и неуморната работа за време на неговиот престој во Тетово, посакувајќи му многу успех и благосостојба во неговата понатамошна професионална кариера“, објавија од Шкендија.
Заедно со Талески, со Шкендија се раздели и напаѓачот Дауда Бамба. 29-годишниот играч, кој пристигна летово, не успеа да ги надмине проблемите со повредите, а според претходниот договор, во такви услови неговиот договор со клубот станува неважечки.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













