Connect with us

Давид Тошевски со хет-трик за Австрија Клагенфурт

Новопечениот македонски репрезентативец Давид Тошевски потврди дека се наоѓа во одлична голгетерска форма постигнувајќи хет-трик за својот тим Австрија Клагенфурт во триумфот од 2-3 на гости против Хартберг. Тошевски беше стрелец на сите три гола за својот тим.

Тој во последмите мигови од првиот дел израмни на 1-1 откако Авдијај донесе предност за Хартберг, а во второто полувреме стрелаше во 63. и во 84.минута, кога и дефинитивно обезбеди триумф за својот тим.

Давид Тошевски на мечот против Лихтенштајн (0-3) во Вадуц го имаше и своето официјално деби за А-репрезентацијата на Македонија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови