
Поранешниот играч за врска на Манчестер Сити, Давид Силва, ги сподели своите очекувања за сезоната во Премиер – лигата. Шпанецот неодамна најави повлекување од фудбалот, но и понатаму будно следи што се случува со „граѓаните“.
Според него, тие повторно се фаворити за титулата во Англија, а само еден тим во моментот може да се натпреварува со нив и тоа е Арсенал.
„Тие имаат неверојатен состав со одлични играчи. Ова е осма сезона за Пеп во Сити. На почетокот требаше да се навикне на Премиер – лигата, но сега неговиот тим е непобедлив. Арсенал е единствениот тим кој може да биде конкуренција на Сити. Остатокот? Мислам дека немаат шанси“, изјави Силва.
„Ги гледав речиси сите натпревари на Сити во Лигата на шампионите минатата сезона. Не успеав да го освојам ова натпреварување додека бев таму, но многу сум среќен што сепак успеаја да го направат тоа. Играчите го заслужуваат тоа, клубот го заслужува тоа, навивачите заслужија да видат како нивните миленици ја освоија Премиер – лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот – тројна круна. Тоа беше неверојатно достигнување“, истакна Шпанецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Интернационалци
Енис Барди потпишува за Коњаспор
