
Наполи имаше очаен старт на сезоната со пораз од 3-0 на гости против Верона. Тренерот Антонио Конте истакна дека тимот се стопил како снег на сонце уште на самиот почеток од дуелот, а упати критики и до раководството дека во клубот многу малку се случуваат позитивни промени, алудирајќи на новите засилувања.
Сепак, две офанзивни имиња треба да пристигнат во Неапол многу брзо. Едниот е веќе таму, Давид Нерес од Бенфика, за кого Наполи ќе плати околу 30 милиони евра.
Многу брзо и Ромелу Лукаку конечно треба да се упати кон југот на Италија и да се стави на располагање на Антонио Конте. Преговорите со Челси се долги, но италијанските медиуми предвидуваат дека на крајот Лукаку ќе го облече дресот на Наполи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
