Connect with us

Дарко Размоски ја засили Воска

Амбициозниот второлигаш Воска продолжува со ангажман на прволигашки засилувања. Најновото име кое го засили тимот на Раде Цицмиловиќ е Дарко Размоски, крилниот играч на Пелистер. Тој одлучи да ја прифати понудата на Воска и ќе се обиде со овој тимда влезе во елитата.

Воска Спорт е второпласирана екипа во Втората лига Запад, веднаш зад Силекс, и ќе има жестока трка со Вардар за пласман во баражот за влез во Првата лига.

Воска претходно ги ангажираше и Арџенд Гафури, Алтин Лога и голманот Дејан Силјановски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови