Connect with us

Дарко Чурлинов дерби-винер за Јагиелонија (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов беше клучната фигура за Јагиелонија во важниот триумф над Легија Варшава. Тој го постигна единствениот погодок на мечот, обезбедувајќи победа од 0-1 и одржувајќи ги живи амбициите на клубот за освојување на шампионската титула во полската Екстракласа.

Legia Warszawa 0-1 Jagiellonia Białystok – Darko Čurlinov 41′ (Ekstraklasa)
byu/4gjdtokurwa insoccer

Чурлинов стрелаше прецизно во 41. минута, а неговиот погодок се покажа како пресуден за конечниот исход на дербито.

Со оваа победа, Јагиелонија останува во трката за титулата, моментално е трета на табелата со 55 бодови, четири зад водечкиот Раков, а до крајот на сезоната остануваат уште шест кола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови