
Шкупи и турскиот стратег Умит Каран со натпреварот од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига, денеска од 15 часот, означуваат нов меѓусебен почеток. Каран се врати на клупата на чаирчани по отказот кој го доби Мухарем Бајрами по поразот од Струга ТЛ.
Првиот дуел по водство на старо-новиот тренер Шкупи ќе го има против Борец носејќи ја фаворитската улога. Сепак, во таборот на чаирчани се свесни дека ќе биде повеќе од тежок дуел против една од најцврстите екипи во лигата.
„Подготвени сме да го дадеме максимимот на натпреварот против Борец, противник за кој носиме максимален респект. Но, на терен ќе направиме се за да дојдеме до трите бода“ – вели најдобриот фудбалер на Шкупи, Дарбо Дембо.
Уште еден интересен дуел денеска во Скопје. Македонија ЃП ја пречекува „забревтаната“ Струга ТЛ кој има одличен почеток на сезоната. Јасно е дека „лавовите“ ќе атакуваат на трите бода во желбата за дополнителен приклучок на врвот од табелата.
ПРВА ЛИГА – 8. КОЛО (денеска, 15 ч.)
Скопје: ШКУПИ – БОРЕЦ
Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ
Струмица: БЕЛАСИЦА – РЕНОВА
УТРЕ (15 ч.)
Битола: ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
