Connect with us

Данска преку Чешка до полуфиналето на ЕУРО (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Данска е третиот полуфиналист на Европското фудбалско првенство откако во четвртфиналната пресметка попладнево ја совлда Чешка со 2-1.

За противник во полуфиналниот дуел, Данска го чека победникот од последниот четвртфинале меѓу Англија и Украина закажано за вечер.

Преку Дилејни уште во 5. минута од средбата Данците поведоа, а во финишот од воведното полувреме со голот на Долберг, обезбедија 2-0 до паузата.

Чесите рано, на почетокот од вторто полувреме преку Шик успеаја да ја намалат негативата, но Данска до крајот успешно го одбрани триумфот.

Вчера беше формирана првата полуфинална двојка, Италија-Шпанија откако Италијанците славеа над Белгија, а Шпанците беа подобри од Швајцарија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови