Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Георгиевски живее во Австралија и го опишува моментот кога Македонија се пласираше на Европското првенство. Нашиот национален тим успеа да го добие бараж – плејофот против Грузија (0-1) со голот на Горан Пандев во Тбилиси, а Георгиевски по завршувањето на мечот врескал од среќа во пет часот наутро.
„Беше пет и пол часот наутро. Врескав многу гласно и ја разбудив сопругата кога Македонија се пласираше на Европското првенство. Се чувствував како да сум дел од тимот. Играв со голем дел од тие момци“, изјави Даниел Георгиевски за „Оптус спорт“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski