Бразилскиот ветеран Дани Алвеш се сели во Мексико. Тој би можел да потпише за Универзидад Насионал Пумас кој се натпреварува во елитното ниво на мексиканскиот фудбал.
Дани Алвеш иако има 39 години сака да игра на Светското првенство во Катар, а услов за тоа е да има клуб и да игра до почетокот на мундијалот. Се шпекулираше дека бразилскиот фудбалер кариерата ќе ја продолжи во Мајорка, но, сепак, ќе замине на друг континент.
Пред потписот Дани Алвеш ќе се консултира со селекторот на Бразил Тите дали ќе биде повикан во репрезентацијата доколку игра за Универсидад Насионал.
Бразилецот ќе инкасира милион евра за една сезона доколку успее да ја договори соработката со Мексиканците.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













