
Дани Алвеш е подготвен да се врати на “Камп Ноу”, пет години по заминувањето од Барселона, со која освои 23 од 43 титули што ги прослави во кариерата. Бразилскиот десен бек се приклучи на Барса од Севилја во 2008 година и се истакна како еден од најдобрите офанзивни дефанзивци во модерниот фудбал.
“Ако ѝ требам на Барса, само треба да ми се јави”, рече Дани Алвеш во едно интервју. “Сѐ уште мислам дека можам да помогнам на кој било клуб, но пред се на Барса поради големиот број на млади играчи што ги има сега”.
Алвеш се врати во Шпанија откако му истече договорот со Сао Паоло. “Еспорт3” пренесува дека Алавес веќе го контактирал претседателот на екипата, Хоан Лапорта за можно враќање на “Камп Ноу”.
Платите и бонусите нема да бидат проблем за 38-годишниот Алвеш, додава изворот, а огромното искуство на Алвеш ќе биде од голема помош на Сержињо Дест и Оскар Мингеза. Сепак, ветеранот, наводно, не спаѓа во плановите на каталонците.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар
