
Хрватската репрезентација вечерва од 21 часот во Лајпциг го игра одлучувачкиот натпревар против Италија во групата Б. Тимот на Златко Далиќ за пласман во осминафиналето мора да обезбеди победа, иако во некои луди комбинации може да продолжи понатаму и со два бода.
Италијанците имаат потреба само од еден бод поради триумфот над Албанија (2-1) на стартот.
Хрватскиот селектор за третпат во низа на ЕВРО 2024 ќе одреди различен состав, а овојпат се најавуваат и радикални промени. Се очекуваше Марчело Брозовиќ поради многу лоши настапи во претходните две натпревари да не биде во почетниот состав. Исто така, се очекуваше Анте Будимир да биде во нападот.
Хрватска, според хрватските медиуми, ќе игра против Италија во формација 4-3-3 со Јосип Станишиќ, Јосип Шутало, Мартин Ерлиќ и Јошко Гвардиол во последната линија. Од составот излегува Иван Перишиќ, кој стартуваше против Албанија. Далиќ нема да менува во средниот ред, па против Италија ќе настапат Лука Модриќ, Марсело Брозовиќ и Матео Ковачиќ.
Најголемо изненадување е на левата крилна позиција. На неа ќе игра Лука Сучиќ, на десно крило ќе биде Марио Пашалиќ, а во средината Андреј Крамариќ. Идејата на Далиќ е Пашалиќ и Сучиќ да влегуваат кон средината и така да отворат простор за Гвардиол и за Станишиќ по страничните позиции.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
