
Данците беа огорчени од судењето на Англичанецот Мајкл Оливер на синоќешниот осминафинален меч против Германија. Нивната репрезентација беше поразена со 0-2, а Данците се убедени дека судиите ги фаворизирале домаќините на ЕП.
Во 53. минута, по интервенција на ВАР, беше досуден пенал за Германија откако Јоаким Андерсен од блиско растојание беше погоден со топка во раката. Од тој пенал Германија поведе со 1-0.
Две минути порано, исто така на Андерсен му беше поништен гол за водство на Данска. Интересно е што Оливер и тогаш ја продолжи играта, значи го призна голот, но го поништи повторно по интервенција на ВАР.
Забавената снимка не докажуваше дека Андерсен недвосмислено бил во офсајд при постигнувањето на голот, но потоа со графика и анимација беше утврдено дека бил во недозволена позиција буквално само со врвот на копачката.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
